Мек домашен леб

Мек домашен леб

Ова домашно пециво се подготвува многу лесно, а долго останува меко и вкусно.

Состојки:

  • 450 гр брашно
  • 150 мл млеко
  • 2 лажици сув квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 1/2 лажичка сол
  • 20 гр путер
  • 200-250 мл вода

Начин на подготовка:

  1. Во поголем пластичен сад ставете брашно, сол и путер и добро измешајте.
  2. Млекото загрејте го (да биде млако) и ставете шеќер и сув квасец па почекајте квасецот да нарасне. Кога квасецот ќе надојде, додајте ја содржината во брашното, мешајте и додавајте вода додека не добиете смеса која не е ниту мека ниту премногу тврда.
  3. Оставете го тестото да нарасне, па добро премесете на побрашнета подлога. Премесете на брашно па развлечете во должина, свиткајте го и префрлете го во калап за печење. Оставете добро да нарасне (околу еден час) па печете на 200 степени додека не добие фина румена боја.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text