Толку вкусна торта која можете да ја направите за различни поводи како родендени, слави, имендени и други свечености. Уште ако вложите во декорирање, ќе ви нема рамни на вас 🙂
Состојки:
- пандишпан
- бел фил
- чоколаден фил
Начин на готвење:
- Подгответе го пандишпанот според овој рецепт. Во тестото за пандишпан можете да додадете и 6 лажици мелени ореви.
- Во посебен сад 250 гр путер се мати со 150 гр шеќер во прав.
- Во друг сад се матат 6 јајца со 6 лажици шеќер.
- Се соединуваат двете смеси и се матат со миксер уште 1 минута.
- Филот се дели на половина. Од едната половина е добиен белиот фил.
- Во садот со втората половина од филот додаваме 200 гр чоколадо за готвење или по вкус, кое претходно е стопено на пареа. На овој начин се добива чоколадниот фил.
- Редете по следниот распоред: пандишпан, бел фил, пандишпан, чоколаден фил и најодозгора третиот дел од пандишпанот.
- Тортата декорирајте по ваша желба: шлаг, топено чоладо, овошје во топено чоколадо…
Совет: Секоја кора пандишпан прелијте ја со сок од свежо цеден портокал.
Уживајте и секогаш гответе со љубов 🙂