Многу едноставен и брз рецепт, а резултатот на крај е фантастичен. Прочитајте како се прави овој специјалитет на Тоше:
Состојки:
- 350 гр брашно
- 2 мали лажици цимет
- 2 мали лажици прашок за печиво
- 1/4 мала лажица сода бикарбона
- 1 лажичка сол
- 150 гр кафеав шеќер
- 250 мл маслиново масло за готвење
- 3 јајца
- 1 мала лажица ванилин шеќер
- 3 пасирани банани
- 2 лажици мед
Начин на готвење:
- Ставете ги брашното, циметот, прашокот за печиво, сода бикарбоната, солта и шеќерот и промешајте ги во сад за миксање.
- Направете длабнатина и во неа додадете ги маслиновото масло, јајцата и ванилиниот шеќер и почнете да да матите со миксер. За кратко додајте ги пасираните банани.
- Смесата ставете ја во сад за печење и ставете ја во веќе загреана рерна на 180 степени. Печете 40-50 минути, а на крај додека лебот е уште топол премачкајте го со мед.
Прекрасен десерт!
Прочитај поврзани рецепти:
ВИДЕО: Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО: 4 магични трикови со овошје