Полнет запечен леб

Полнет запечен леб

Вистински деликатес! Ја има Gotvi.mk препораката како одлично предјадење за свечени ручеци или како дел од трпезата кога имате гости или било каква прослава.

Состојки:

  • 1 тркалезен леб
  • 100 гр чајна Пекабеско
  • 100 гр шунка Пекабеско
  • 3 листа марула
  • шери домати
  • маслиново масло за готвење
  • зачини по вкус

Полнет запечен леб 2

Начин на готвење:

  1. На лебот му ја отстрануваме средината (да направиме празнина која ќе ја наполниме како на сликата).
  2. Шунката Пекабеско ја сечкаме на коцки и кратко ја пропржуваме на маслиново масло.
  3. Пекабеско чајната ја редиме во круг по ѕидовите на празнината од лебот.
  4. Потоа ги додаваме ситно сечканата марула, коцките шунка и шери доматите исечкани на половини.
  5. Зачинуваме по вкус и ставаме кратко да се запече (околу 10 минути) во загреана рерна на 180 степени.

Повеќе рецепти во кои користевме Пекабеско производи тука

На здравје!

Повеќе поврзани рецепти:

Домашен леб со маслинки

ВИДЕО: Рецепт за леб кој не се меси

Тазе домашен леб

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

ФОТО: Андриана Николоска