За секоја прослава – Тигар торта

За секоја прослава – Тигар торта

Мека торта со неодолив чоколаден вкус – одличен рецепт на Биљана за тигар торта. Направете ја и сите гости на вашата свеченост ќе бидат воодушевени 🙂

Состојки:

  • 500 гр бисквити
  • 750 мл млеко
  • 300 гр мелени ореви
  • 5 жолчки
  • 1 чоколаден пудинг
  • 200 гр чоколадо
  • 250 гр путер
  • 5 лажици шеќер

Начин на готвење:

  1. Бисквитите се дробат и им се додава 250 мл млеко.
  2. Се прави крем од жолчки кои се матат со шеќерот. Откако ќе се сматат, се додава пудингот и се миксира додека да се изедначи смесата.
  3. Останатото 500 мл млеко го ставаме во сад за варење, а откако ќе зоврие ја додаваме смесата од жолчки, шеќер и пудинг. Тивко вариме и мешаме додека да се добие крем. Во текот на варењето ги додаваме и мелените ореви. Кремот го тргаме од оган и го оставаме да се олади.
  4. Во меѓувреме, путерот го матиме со миксер и го додаваме во целосно оладениот крем. На крај, ги додаваме и бисквитите кои беа потопени во млеко.
  5. Ставаме во калап за торта кој претходно убаво сме го подмачкале со малку путер. Се остава во замрзнувач да отстои 4 до 6 часа.
  6. Украсете по вкус или како на фотографијата.

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Повеќе рецепти за десерти тука

СОВЕТ: Ви останаа 5 белки додека ја правевте оваа торта. Не ги фрлајте, туку изматете ги убаво со миксер. Откако ќе се сматат, постепено додавајте им 10 лажици шеќер додека миксерот е сеуште вклучен.

Честитки и само за убаво да е! 🙂