Домашниот леб на мајче Вера

Домашниот леб на мајче Вера

Нема ништо повкусно од домашен и тазе испечен леб. Потребна е само волја и добар рецепт. А, ние ви предлагаме одличен рецепт за да подготвите домашен леб. Еве што ви е потребно.

Состојки:

  • 500 гр р’жано брашно
  • 300 гр пченично интегрално брашно
  • 20 гр квасец
  • 1 лажица сол
  • 5 лажици ленено семе
  • 5  лажици сусам
  • 5 лажици семки од тиква
  • 350-400 мл млака вода

Начин на готвење:

  1. Квасецот го замесуваме со малку од млаката вода, сол и шеќер. Го оставаме да стаса.
  2. Двата вида брашно ги додаваме во сад, ги промешуваме, ги додаваме семките и вода. Месиме  средно меко тесто.
  3. Се остава да стаса околу 40 минути или додека да го зголеми двојно својот волумен.
  4. Потоа лесно го премесуваме и го обликуваме по желба.
  5. Тестото го ставаме во набрашнет плех. Се пече во загреана рерна 35-40 минути на температура на 220 степени.

Овој леб не е опасен за нашата телесна тежина, туку претставува вистинско здравје на трпезното мени. Секако, ако јадеме умерено 🙂

На здравје!

Повеќе поврзани рецепти:

Домашен леб со маслинки

ВИДЕО: Рецепт за леб кој не се меси

Тазе домашен леб

Полнет запечен леб

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

singlepost_text