Тазе домашен леб

Тазе домашен леб

Топол домашен леб за секој ручек. Прочитајте го овој брз и вкусен рецепт:

Состојки:

  • 500 гр Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
  • 280 мл млака вода
  • 1 квасец
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 3 лажици масло за готвење

Начин на подготовка:

  1. Сите состојки се ставаат во поголем длабок сад. Се замесува додека не се добие меко и изедначено тесто.
  2. Садот го покриваме и тестото се остава да стаса на собна температура околу 40 минути. Потоа, го формираме по желба или го ставаме во калап за леб.
  3. Печеме во загреана рерна на температура од 200 степени околу 30 минути.

Имајте пријатен ручек!

Брашно Жито лукс Екстра бело Тип 400