Импресум

 

logo-proba

Gotvi.mk е портал за кулинарство кој е наменет за сите сладокусци и гурмани.

Нашата цел е оваа адреса и понатаму да биде местото каде ќе се среќаваат љубителите на добрата храна, пијалоци… Место каде ќе научите некој нов рецепт, кулинарски совет или трик, но и ќе ни пренесете дел од вашето знаење, начин на готвење и по некој рецепт од вашата кујна.

Gotvi.mk е отворен за сите.

Нас нè интересираат вашиот начин на исхрана, готвење, омилен пијалок или состојка во рецепт, но немаме намера да ви се мешаме дали сте го направиле вистинскиот избор. Не сакаме да ве „учиме“ што е здраво, а што помалку здраво. Ако денес сте избрале да приготвите и јадете капричиоза или мешана скара со помфрит, нека ви е на здравје. Доколку, начинот на исхрана ви е вегетаријански, супер, само напред. Ако постите, тука сме да ви предложиме стотици посни и многу вкусни специјалитети.

Едноставно, го почитуваме вашиот избор во животот. Што и да сте одлучиле, ваше право. Може да го споделите со нас доколку сакате, со публиката на Gotvi.mk пред сè.

Тимот на Gotvi.mk е тука за тебе!

Секој ваш рецепт, коментар, предлог, секако критика или пофалба се добредојдени и на сите многу им се радуваме. Многу сакаме прашања и се трудиме на сите да одговориме. Ги обожаваме коментарите, лајковите и споделувањата на нашите страни и профили на Facebook, Twitter и Instagram

Нашиот тим е тука и за сите производи, брендови и нивните производители, застапници или дистрибутери.

Едноставно, чувствувајте се како дома и секако гответе со љубов 🙂

Контакт: gotvi@gotvi.mk