Леб со тиквици

Леб со тиквици

Вкусно и ароматично печиво со тиквици…

Состојки:

  • 500 гр тиквици
  • 380 гр брашно
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 2 лажички цимет
  • 1/4 лажичка мускатно оревче
  • 1 лажичка сол
  • 2 јајца
  • 200 гр бел шеќер
  • 100 гр кафеав шеќер
  • 3/4 шолји маслиново масло
  • 2 лажички екстракт од ванила

Начин на подготовка:

  1. Рерната загрејте ја на 180 степени. Отстранете ја петелката на долниот дел на тиквицата и изрендајте ја во крпа. Добро притиснете за да излезе што повеќе течност од тиквиците.
  2. Измешајте брашно, прашок за печиво, сода бикарбона и зачини.
  3. Во посебен сад разматете јајца и додајте шеќер, маслиново масло и екстракт од ванила.
  4. Додајте изрендани тиквици во смесата со брашно, а потоа и додајте ја и смесата со јајца. Сè добро измешајте.
  5. Смесата ставете ја во плех за печење и печете во загреана рерна околу 45-50 минути. Проверете со помош на чепкалка дали е печено. Почекајте печивото да се излади 10 минути, па потоа извадете го од плехот.

 

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text