Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Оваа диета е добра да се држи за време на пролетта и летото, бидејќи се заснова на овошје и зеленчук кои во овој период ги има најмногу. Направете голема листа на омиленото овошје и зеленчук и јадете го секој ден, пијте многу вода (најмалку осум чаши на ден), вода со лимон, правете смути.

Понеделник

Првиот ден јадете само зеленчук. Пример, изберете краставици. Може да јадете колку сакате. Овој зеленчук е одличен затоа што содржи 90 отсто вода. Ако изберете краставици, тие ќе го детоксираат вашето тело. Секако комбинирајте и со друг зеленчук по вкус.

Вторник

Овој ден треба да му биде посветен на овошјето. Јаболки, праски, портокали, крушки, сè што ви сака душата. Обидете се да ги распоредите во текот на денот, а ако и понатаму сте гладни, може да испиете 1 шолја јогурт со помалку маснотии.

Среда

Овој ден се јадат јагоди, малини, капини, боровинки и други шумски овошја. Јадете во текот на денот, но не заборавајте да пиете многу вода.

Четврток

Млечен ден. Сирење јогурт, кефир, кашкавал. Може да додадете и малку крушки, грозје или црешни со што ќе добиете перфектна комбинација.

Петок

Диетата продолжува и се враќате на зеленчук. Одберете пет вида од вашиот омилен зеленчук и јадете ги во различни комбинации за појадок, ручек и вечера. Но, само пет.

Сабота

Само овошје, но може да јадете и јогрут со помалку маснотии за вечера.

Недела

Денеска е дозволено само да пиете шејкови и сокови од овошје и зеленчук – јаболки, портокали, домати, спанаќ, целер… Правете ги вашите омилени смути комбинации.

По диетата се враќате на нормалниот режим на исхрана, но тука мислиме на контролирана исхрана, без слатки, газирани пијалоци и премногу мрсна храна.

Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Драјв маркет – погледнете како ќе изгледа маркетот на иднината

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко