Шарена тава со зеленчук и пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Или народски кажано турлитава 🙂 Ако немате идеја за ручек разгледајте што зеленчук имате и направете шарена тава, предлага Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club.

Состојки:

  • компир
  • ориз
  • морков
  • брокула
  • кромид
  • лук
  • пилешки стек
  • сушен зеленчук
  • сушен босилок
  • хималајска сол, мелен црвен пипер, мелен црн бибер
  • ладно цедено маслиново масло

Начин на готвење:

  1. Пилешкиот стек го вариме.
  2. Целиот зеленчук го сецкаме и го ставаме во тавче. Ставаме вода колку да се потопи зеленчукот и зачинуваме по вкус.
  3. Кога ќе испари половина од водата го додаваме свареното пилешко исецкано на коцки.
  4. За неколку минути ја исклучуваме рерната и пропрскуваме со маслиново масло.
  5. Како прилог сервирајте го со свежа салата – на пример марула салата.

Повеќе рецепти на Елена прочитајте тука

Напомена: Количината зависи од тавчето и за колку луѓе готвите.

Пријатен фамилијарен ручек!

*За подетални информации, совети или консултации со Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club, контактирајте ја на нејзиниот Facebook профил или преку e-mail: etrajkovska@gmail.com

singlepost_text