Вистински специјалитет на кој тешко ќе му одолеете. Всушност станува збор за рецепт за потпечена тава со пилешко месо, кашкавал и печурки. Превкусно!
Состојки:
- 2 кг стек
- 3 главици кромид
- 3 чешниња лук
- 500 гр печурки
- 1 лажица сенф
- 100 мл бело вино
- 200 гр рендан кашкавал
- 200 гр кисела павлака
- 1 лажица црвен пипер
Начин на готвење:
- Измијте го стекот и ставете го во сад за варење. Додадете сол по вкус и варете 20 минути на среден оган. Откако стекот ќе се свари, исецкајте го стекот на не многу мали коцки, полијте го со масло за готвење, додајте зачинал и убаво промешајте ги парчињата стек. Оставете ги да отстојат малку.
- Во загреано тавче се запржува кромидот со малку масло и сол. Се додаваат претходно исецканите печурки да се пропржат заедно со кромидот. Содржината од тавчето се истура во поголем сад и се меша.
- Истовремено, во големиот сад се додаваат и исецканиот варен стек, сенфот, биберот, црвениот пипер, солта, магдоносот и белото вино. Сето ова убаво се промешува.
- Наредете во земјена тава за печење. На дното се става малку масло, а потоа се додава половина од ренданиот кашкавал кој се распоредува подеднакво на сите страни. Се ставаат 3 лажици од киселата павлака, се додаваат мешаните состојки од големиот сад и повторно се реди кашкавал и павлака (ние употребивме павлака Пекабела).
- Земјеното тавче се става во загреана рерна на 250-300 степени и се пече 40 минути или се додека месото не зацрвени.
Повеќе Gotvi.mk рецепти со пилешко месо тука
Можете да го сервирате со зеленчук или пржен компир, а може и без ништо. На здравје 🙂