Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

Социјалните медиуми целосно ги променија нашите животи, а денес многу луѓе заработуваат пред сé благодарејќи на сопствената идеја и иницијативност на Facebook, YouTube, Twitter, Instagram…

Еден од начините на заработка по пат на интернет е и промоција на одредени производи на социјалните медиуми, бидејќи дел од светските компании се подготвени и да им платат на своите корисници за рекламирање на производите.

NYC Instagram Food 1

На овој начин заработуваат модните блогери – со промовирање и рекламирање на облека, чевли, козметика, фитнес тренери кои рекламираат фитнес опреми и слично, како и поединци кои рекламираат храна и пијалак од одредени ресторани и кафулиња.

Најголемиот услов е да имате голем број на следбеници на социјалните медиуми што ви дава популарност и можност производите кои ги рекламирате да ги видат што е можно повеќе луѓе.

Еден од ваквите примери е профилот на Инстаграм „Њујорк сити“ на кој може да се пронајдат фотографии од многубројни ресторани. Овој профил има преку 619 илјади следбеници.

NYC Instagram Food 3

„Познавам луѓе кои немаат платено оброк со месеци бидејќи различни ресторани им даваат бесплатни оброци по желба. Моите родители мислат дека е премногу лудо бидејќи се хранам како кралица. Јадам кавијар и јастог секоја вечер, секогаш сум на друго место и тоа е феноменално“ – изјави Џеки Габел, сопственичка на Инстаграм профилот “Noleftovers” кој има преку 150 илјади следбеници.

singlepost_text