Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

За сите љубители на кинеската кујна, Тоше открива неколку тајни како дома да подготвите неодолива брокула со печурки. Вкусот е ист како да ја јадеш во кинески ресторан, вели тој 🙂

Состојки:

  • 500 гр брокула
  • 300 гр свежи печурки
  • 50 гр сусам
  • 50 гр лута пиперка
  • 3 чешниња лук
  • 50 гр ојстер сос
  • 30 гр соја сос

Начин на готвење:

  1. Измијте ги брокулата и печурките и убаво иситнете ги на парчиња.
  2. Исецкајте ги и лукот и пиперката и запржете ги во тава на среден оган со малку маслиново масло, потоа додадете ги брокулата и печурките и покриете со капак додека брокулата и печурките не омекнат. Промешувајте ја содржината на тавата често.
  3. Потоа додадете соја сос и сусам, но не премногу за да не преовладува солениот вкус. Пржете 3 минути на силен оган.
  4. Додадете го ојстер сосот. Пржете на силен оган уште 3 минути и цело време промешувајте.
  5. На крај додадете 50 мл вода за да ја намали густината на сосовите и промешувајте уште 3 минути на силен оган.

Топ 10 Gotvi.mk рецепти со брокула тука

Рецепт за пилешко со брокула тука

Совет: Ојстер сосот е на база на шеќер и е многу густ, па од тие причини се додава многу малку, во случајот една супена лажица.

На здравје 🙂