Тирамису во чаши со јагоди

Тирамису во чаши со јагоди

Неодолив десерт готов за миг!

Состојки:

  • 500 гр јагоди
  • 1/2 пакување пишкоти
  • 1 дл капучино
  • 250 гр маскарпоне сирење
  • 3 јајца
  • 3 лажици шеќер
  • ванилин шеќер
  • 1 лажица сок од лимон

Начин на подготовка:

  1. Белките разматете ги со сок од лимон во цврст снег, а жолчките посебно со шеќер и ванилин шеќер па додајте сирење и измиксајте. Додајте полека снег од белки и соединете лесно со лажица со жолчките и сирењето. 
  2. Во чаши редете пишкоти потопени во капучино, ред фил, ред ситно сечкани јагоди, па ред фил. Декорирајте со какао и јагоди.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

singlepost_text