Направете вкусни и сочни пиперки со сирење.
Состојки:
- 1,5 кг. бабури
- 1,5 кг, сирење
- 3 л. млеко
- 3 лажици сол
Подготовка:
- Се мијат и чистат бабурите од семки, се дроби сирењето грубо, па се додаваат зачини по избор.
- Се полнат бабурите со сирењето, па се полнат тегли со бабурите. Се редат исправено.
- Се вари млекото со сол, па се става директно во теглите.
- Се притискаат теглите со пластика.
- Се става по два час ауште малку млеко и се лади, па се затвараат теглите.
- Се чуваат на ладно место.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт
Зеленчукова ужинка за на работа