Свежа салата со брокула

Свежа салата со брокула

Тука има и посно и освежително и детокс 🙂 Едноставна, брза и многу вкусна комбинација за Gotvi.mk салата за денес. Прочитајте што ви е потребно:

Состојки:

  • 1 главица брокула
  • 1 краставица
  • 2-3 ротквици
  • Маслиново масло
  • балсамико оцет или лимон
  • зачини

начин на подготовка:

  1. Брокулата ја ситниме и кратко ја вариме/бариме откако ќе зоврие. Оставаме да се олади.
  2. Краставицата и ротквиците ги лупиме и сечеме на тркалца.
  3. Во сад ја редиме најпрво брокулата (како на сликата) а потоа ги додаваме краставиците и ротквиците.
  4. Зачинуваме со маслиново масло, балсамико оцет или лимон и зачини по вкус.
  5. Можете одлично да ја искомбинирате со фурнарини. Еве брз и посен рецепт за фурнарини кои ќе ги направите за 1 минута.

За повеќе рецепти со салати тука

Повеќе посни и превкусни рецепи тука

ВИДЕО: Посно и брзо – како да направите домашен хумус намаз

На здравје!