Цезар салата

Цезар салата

Секој ресторан приготвува цезар салата со различен вкус. Нашиот Gotvi.mk рецепт прочитајте го тука. На крајот ви нудиме и два предлог рецепти за подготовка на дресинг за оваа салата.

Состојки:

  • 1 пилешки стек
  • зелена салата
  • запечен леб или кубети
  • шери домати
  • пармезан
  • дресинг

Начин на готвење:

  1. Пилешкиот стек се зачинува и се пропржува во тавче со масло за готвење. Пржете додека месото не добие румена боја. Месото исечете го на ленти.
  2. Во истото тавче пропржете го лебот кој е претходно исечен на коцки. Пржете го со малку масло додека не добие румена боја и кора.
  3. Зелената или ајсберг салата измијте ја и ситно исецкајте ја. Ставете ја во сад за сервирање.
  4. Во садот додадете го пилешкото месо, лебот, шери доматите пресечени на половинки, како и тенко исечените парчиња пармезан.
  5. Одозгора прелијте со дресинг сос.

За дресинг сосот ви предлагаме два начина на подготовка:

Билјана дресингот за цезар салата го прави мешајки ги следниве состојки: мајонез, сенф, сок од 1 лимон, маслиново масло и 1 чешне иситнет или истолчен лук.

Илија го прави неговиот дресинг за цезар салата од следните состојки: мајонез, сенф, јаболков оцет, пармезан, бибер, соја сос и сол

За да се разреди дресингот по потреба може да се додаде вода.

Готви со љубов и уживај во храната 🙂

Еве како треба правилно да се мие зелената салата

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Салата Примавера

ПОСНО: Свежа пролетна салата

Енергетска салата

Свежа салата со моцарела

Освежителна салата

Како да ја подготвите превкусната Рукола салата со шери домати?

За повеќе рецепти за салати кликни тука

singlepost_text