Крем салатите се многу вкусни, но и вистински декор на секоја трпеза. Gotvi.mk ви открива рецепт за превкусна и свежа крем салата.
Состојки:
- 1 свежа краставица
- 100 гр кашкавал
- 100 гр шунка
- 100 гр пилешка шунка
- 2 парчиња свеж лук
- 1 лажица мајонез
- 300 мл кисела павлака
- 100 гр пченка
Начин на подготовка:
- Исецкајте ги краставицата, кашкавалот и шунката на коцки, а пченката сварете ја според упатството на кесичката и додадете ја во истиот сад.
- Лукчињата исечкајте ги ситно и измешајте ги со сите состојки.
- Додајте ги павлаката и мајонезот и убаво промешајте.
- По избор можете да употребите и сецкани маслинки или печурки. Густината на салатата направете ја по ваша желба.
Рецепт за макарони салата тука
Рецепт за цезар салата + 2 рецепти за дресинг тука
Повеќе Gotvi.mk рецепти за свежи и крем салати тука
Доколку ставите повеќе павлака, салатата ќе биде помалку густа. Количината е за едно сервирање во помал длабок сад.
Направете го сами балансот на состојките според вкус 🙂
Добар апетит 🙂
Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:
Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот
Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна
Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот
10 „убијци“ на вишокот калории
Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како
Како да ослабете според хороскопскиот знак?
Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате
Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?
Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате
ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ
ВИДЕО: Драјв маркет – погледнете како ќе изгледа маркетот на иднината
Прочитај Gotvi.mk рецепти:
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)
Диетален појадок што ќе ве држи сити
ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки
Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки