Зеленчукова ужинка за на работа

Зеленчукова ужинка за на работа

Многу е битно да имаме ужинки додека сме на работа за да не прегладнеме до ручек. Одлична комбинација на зеленчук и протеин, Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club и додава: Организирајте се бидејќи може да ја спремите уште од вечер 🙂

Состојки:

  • рукола
  • домат
  • ротквица
  • моцарела
  • ладно цедено маслиново масло
  • хималајска сол, црн бибер

Начин на подготовка:

  1. Зеленчукот убаво го миеме.
  2. Руколата ја кинеме или сечеме на парчиња, а доматот и ротквицата го сечеме на тркалца или на парчиња. Моцарелата ја сечеме на парчиња по наш вкус.
  3. Зачинуваме по желба.

Повеќе рецепти на Елена прочитајте тука

Имајте пријатен работен ден!

*За подетални информации, совети или консултации со Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club, контактирајте ја на нејзиниот Facebook профил или преку e-mail: etrajkovska@gmail.com

singlepost_text