Постојат многу салати кои секојдневно ги консумираме – мешана, шопска, македонска… Но, откако ќе ја пробате оваа Gotvi.mk салата со маслинки, дефинитивно ќе ви стане омилена.
Состојки:
- 200 гр црни маслинки без семка
- 400 гр зелени маслинки
- 100 гр кисели краставички
- 100 гр моркови
- 300 гр печени црвени пиперки
- 100 гр зелени пиперки
- 5 чешниња лук
- 1 лажица оригано
- 150 мл маслиново масло
- сол
- бибер
- марула
- кубети
- други зачини по желба
Исечкајте ги во голем сад сите состојки, освен марулата, зачинете ги со сол, бибер, оригано и маслиново масло и ставете ги во фрижидер да отстојат преку ноќ. Утредента ставете ги кубетите и уживајте.
На здравје!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт