Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Марулата или зелена салата е вистински симбол на секоја пролет. Салатите почнуваат да бидат се печесто присутни на нашите домашни трпези за време на секој оброк.

Зелената салата е добар извор на хлорофил и витамин К. Таа е богата и со минерални соли, лутеин и со бета-каротин. Изобилува и со витамин Ц, калциум, растителни влакна, фолна киселина и железо. Марулата вклучува во својот состав и други неопходни материи за организмот, меѓу кои витамин А, Б6, ликопен и калиум.

Марулата ги штити и чува нервите, но истовремено го јакне и одржува имунитетот, па нејзиното користење за време на сезоната на настинка и грип е можеме да кажеме неопходно. Но, многу важно е што зелената салата е природен диуретик, таа го елиминира вишокот течности во организамот, го штити срцето и крвните садови и го подобрува функционирањето на бубрезите.

Зелена салата

Дали знаете како правилно треба да се мие зелената салата? Одговорот е на линкот: https://gotvi.mk/2016/04/29/eve-kako-treba-pravilno-da-se-mie-zelenata-salata/

Во продолжение прочитајте топ 5 пролетни салати со марула:

Цезар салата

  1. Цезар салата – покрај одличен рецепт за оваа култна салата, прочитајте и 2 рецепти за дресинг соса кои совршено одат со оваа салата: https://gotvi.mk/2016/02/26/cezar-salata/
  2. Зелена салата со сирење и џем од јагоди – можеби ќе ви звучи необично на прв поглед, но овој рецепт е испробан и оваа салата навистина има неодолив вкус. Еве како да ја направите: https://gotvi.mk/2016/05/06/zelena-salata-so-sirenje-i-dzem-od-jagodi/
  3. Салата Примавера – вистинска пролетна салата која ги содржи сите пролетни бои. Одлично предјадење за секој викенд ручек, а начинот на подготовка прочитајте го на линкот: https://gotvi.mk/2016/04/22/salata-primavera/
  4. Енергетска салата – со добра замисла и идеја, салатите може да бидат цел оброк или, пак, многу вкусна ужина која ќе го оттргне гладот до следниот главен оброк. Прочитајте што ви е потребно за да ја направите оваа енергетска салата: https://gotvi.mk/2016/03/03/energetska-salata/
  5. Туна салата – нискокалорична, а истовремено многу хранлива салата. Заменува цел оброк, а одлична е да ја направите доколку постите или се храните вегетаријански. Еве го рецептот: https://gotvi.mk/2016/01/23/tuna-salata/

Зелена салата со сирење и џем од јагоди

Прочитајте поврзани Gotvi.mk рецепти:

Неодоливо: Топ 10 мафин рецепти

ВИДЕО: Топ 5 рецепти со јајца во Дубаи

Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки

Топ 10 неверојатно вкусни Gotvi.mk рецепти со компири

Топ 10 вкусни рецепти за домашнa питa

Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со брокула

singlepost_text