Направете вкусни тестенини со маслинки и зденки.
Состојки:
- 400 гр. тестенини по избор
- 7-8 парчиња зденка
- маслинки
- околу една шолја млеко
- 3 јајца
- сол и масло
Подготовка:
- Се варат тестенините во вода со масло и сол.
- Се цедат и се ставаат во тава премачкана со маргарин или путер.
- Се ставаат три изматени јајца со млеко, се ставаат сечени маслинки во количина по избор, и се меша смесата.
- Горе ставете сечени парчиња зденка и ставете да се пече на 200 степени околу 15-20 минути.
На здравје!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт