Практични и сочни: Мини пици од лудо тесто

Практични и сочни: Мини пици од лудо тесто

Кога еднаш ќе ги пробате, ќе станат дел од вашето мени…

Состојки за тесто:

  • 30 гр квасец
  • 200 мл јогурт
  • 100 мл млеко
  • 2 јајца
  • 1 лажица шеќер
  • сол
  • 500-600 гр брашно

Состојки за фил:

  • 200 гр сувомеснато
  • кечап
  • маслинки
  • кашкавал
  • 200 гр тврдо сирење
  • оригано

Начин на подготовка:

  1. Квасецот потопете го во млако млеко, додајте лажица шеќер за квасецот да се раствори, потоа додајте јајца, јогурт, млеко, брашно и сол. Замесете средно тврдо тесто глатко и ставете го во кеса во фрижидер да отстои 2-3 часа.
  2. Извадете го тестото, обработете го со раце и извадете топчиња по желба. Развлечете ги тенко. На секое тесто ставете кечап, сечкана салама, рендано кравјо сирење, маслинки, оригано и рендан кашкавал.
  3. На крај посипете со оригано. Рерната загрејте ја на 250 степени и ставете ги пиците да се печат 10-12 минути.

Добар апетит!

Деталите за начинот на подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text