Најдобар рецепт за домашен чизкејк

Најдобар рецепт за домашен чизкејк

Катерина Василевска направила вистинска уметност во кујната. Таа ни го открива најдобриот и највкусен рецепт за домашен чизкејк 🙂

Состојки за кора:

  • 250 гр бисквити
  • 80 гр стопен несолен путер

Начин на готвење:

  1. Рерната се загрева на температура од 180 степени. Бисквитите се дробат или мелат додека да се иситнат. Им се додава претходно растопениот путер и се меша додека се натопи еднакво смесата.
  2. Се ставаат во калап за печење што се отвора (обем 28 cm) и се притискаат на дното додека се измазни смесата како кора. Печеме 12 до 15 минути. Се вади од рерна и се остава целосно да се излади.
  3. Ја намалуваме температурата на рерната на 150 степени.

Cheese cake 2

Состојки за фил:

  • 1 кг крем сирење
  • 240 гр кисела павлака
  • 200 гр шеќер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 5 јајца
  • 1 лажица густин
  • 1 прстофат сол
  • 1 кора од лимон по желба

Начин на готвење:

  1. Во голем сад го ставаме крем сирењето и матиме додека не стане помазен за конзистенција. Го додаваме шеќерот, густинот и солта. Се мати додека да се изедначи смесата.
  2. Постепено, при матењето со миксер се додаваат јајцата едно по едно да се соединат со смесата.  На крај го додаваме екстрактот од ванила, киселата павлака изренданата кора од лимон (по желба). Повторно матиме додека не добиеме компактна смеса.
  3. Филот се истура врз кората.
  4. Ставаме да се пече во загреаната рерна на 150 степени околу 50 – 60 минути. Се исклучува рерната и колачот се остава внатре уште 1 час.
  5. Потоа колачот го вадиме и го поминуваме со остар нож по краевите за да се одлепи од ѕидот на калапот и се остава целосно да се излади на собна температура.
  6. Се покрива и лади преку ноќ во фрижидер.
  7. Декорирајте по желба со овошје или прелив од овошје.

За над 50 превкусни Gotvi.mk десерти кликнете тука

Повеќе рецепти со сирење тука

Со овој рецепт ќе добиете чизкејк со 10-12 парчиња.

Совети: Матењето со миксер правете го со мала брзина. Во спротивно во смесата ќе се внесе многу воздух и меурчиња, што може да доведе до распукување на чизкејкот во процесот на печење.

Крем сирењето и јајцата претходно треба да бидат оставени околу 1 час на собна температура.

Уживајте во храната и гответе со љубов 🙂