Сочна и пикантна лесковачка мучкалица

Сочна и пикантна лесковачка мучкалица

Сочна и пикантна лесковачка мучкалица, феноменален избор за совршен ручек.

Состојки:

  • 150 гр кременадли без коски
  • 150 гр свинско месо
  • 150 гр јунешко месо
  • 2 домати
  • 6-7 црвени печени пиперки
  • 3 главици кромид
  • малку масло
  • сол
  • бибер
  • лута пипер
  • магдонос
  • 1 чаша вода

Начин на подготовка:

  1. Лесковачка мучкалица се прави така што се ставаат повеќе видови месо, не се меша, туку само се протресува од време на време да не загори.
  2. Прво подгответе сад во кој ќе ставите малку масло. Исечканото месо ставете го да се динста, кога ќе ја промени бојата додајте кромид, домати и пиперки. Сè исечкано на коцки. Додајте сол, бибер, по вкус. Налијте малку вода, поклопете и на тивок оган гответе околу час и половина додека состојките не се соединат. На крајот од готвењето додајте лута пипер по вкус и свеж магдонос. Измешајте и мучкалицата е готова.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Повеќе на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

singlepost_text