Шеф салата

Шеф салата

Задолжително направете ја оваа Шеф салата по неодоливо вкусен рецепт на Шеф Александар Божиновски од ресторанот Ла Тераца, а кој беше подготвен за време на часовите по готвење во рамките на проектот Кулинари.

Состојки за 1 порција:

  • 1/2 китка марула (доколку е мала може и цела)
  • 100 гр краставици
  • 100 гр домат
  • 50 гр шампињони
  • 50 гр кравји кашкавал
  • 50 грама пршута (свинска/говедска)
  • 3 ливчиња магдонос

За подготовка на ова јадење потребна ви е и длабока чинија за сервирање.

Начин на подготовка:

  1. Марулата ја сечете на средни парчиња и ја ставате во чинијата за сервирање. Останатиот зеленчук го сечете на ленти и го ставате врз марулата. Краставицата може да ја сечете накосо.
  2. Следно го приготвувате доматот: го двоите семето – срцевината на доматот, а за рецептот го користите тврдиот – месест дел од доматот, и го сечете на ленти, но не подолги од 5 cm.
  3. Шампињоните и кашкавалот ги сечкате на тенки лентички и ги додавате во чинијата.
  4. Последниот чекор за овој рецепт е дресингот за шеф салатата кој ќе го приготвите по следниов рецепт: https://gotvi.mk/2016/05/19/dresin-za-sef-salata/ Вака приготвениот дресинг го полевате врз салатата.
  5. За декорација ја користите пршутата. Ја мотате во вид на цвет и ја ставате во салатата. За крај, ставате и едно гранче магдонос.

Добар апетит!

Инаку, за време на часовите по готвење кои се реализираат месецов во средното училиште за угостителство и туризам „Лазар Танев“, Шеф Александар Божиновски ни откри дека по неговото враќање од Италија за прв пат ја воведува Шеф салатата во менито на реномираниот ресторан Балканика. Денес, оваа салата е многу популарна и ја има во менијата на речиси сите ресторани ширум Македонија.

Повеќе информации за часовите за готвење во рамките на проектот кој го спроведува Здружението за социјални иновации „АРНО“ прочитајте тука: https://gotvi.mk/2016/04/28/naucete-da-gotvite-so-profesionalni-gotvaci/. За начинот на пријавување на часовите по готвење повеќе детали прочитајте тука: https://www.facebook.com/coolinari.mk/

Прочитај поврзани Gotvi.mk вести:

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа