Pad Thai со пилешко

Pad Thai со пилешко

Азиската храна никого не остава рамнодушен. Еве како да зготвите Pad Thai – специјалитети од далечниот исток. Рецептот ни го откри Шеф Фичо (Филип Поповски) за време на часовите по готвење во рамките на проектот Кулинари, а Фичо ни ги покажа и сите трикови за да го добиете специфичниот вкус на оваа кујна.

Состојки:

  • 1 пакување нудлс
  • 200 грама пилешки стек
  • 1 јајце
  • 50 грама лупени и солени кикирики
  • 3 чешниња лук
  • 1 морков (100 грама)
  • 1 зелена пиперка (50 грама)
  • 140 грама никулци од грав (1 конзерва е 425 гр, односно е доволна за 3 порции)
  • 1 чили пиперка (свежа или сува)
  • 2 лажички чили сос
  • 1/4 сноп власец
  • 1 страк млад кромид
  • 100 мл масло за јадење

За подготовка на ова јадење потребно ви е и вок тава (или било каква длабока тава), како и сад за варење, а јадењето се подготвува на многу висока температура (на најјако).

Готвиме со Фичо проект Кулинари

Начин на готвење:

  1. Стекот се сечка на многу тенки лентички, се загрева тава со масло за јадење и се додава стекот да се пропржи 2 до 3 минути. Стекот го тргаме на страна и го ставамево сад.
  2. Се сечкаат лукчето, младиот кромид и чилито на ситно. Морковот и пиперката се сечкаат на тенки лентички. Исечкајте ги и кикириките, но нека не бидат многу ситно исечкани.
  3. Во меѓувреме во длабок сад ставаме вода да зоврие, за во неа да ги свариме тестенините (нудлс). Откако ќе зоврие, во водата додаваме половина лажичка сол и ги вариме 2 до 3 минути. Нудлсот се варат без нивните придружни сосови.
  4. Загреваме една тава и додаваме масло за готвење: прво го додаваме лукчето , за околу 30 секунди ги додаваме морковот, пиперката, кромидот и чилито (исечкани).  Во пропржените состојки го ставаме испрженото пилешко.
  5. Во истата тава се додава јајце и се меша убаво за да се соедини јајцето со останатите состојки. По желба, се додава и чили сосот.
  6. На крај приготвеното јадење се сервира во чинија Одозгора се ставаат исечканите кикирики. Особено внимавајте да бидат ставени одозгора и да не стојат многу пред консумирањето, бидејќи кикириките во контакт со храната можат да омекнат.
  7. На страна во чинијата се додаваат никулците од грав, кои не се обработуваат, туку се консумираат свежи како прилог. Јадењето се декорира и со ситно исечкан власец.

Добар апетит 🙂

Рецептот го запиша ученичката во средното училиште за угостителство и туризам „Лазар Танев“, Анита Кметовиќ, каде месецов се реализираат часовите за готвење.

Повеќе информации за часовите за готвење во рамките на проектот кој го спроведува Здружението за социјални иновации „АРНО“ прочитајте тука: https://gotvi.mk/2016/04/28/naucete-da-gotvite-so-profesionalni-gotvaci/. За начинот на пријавување на часовите по готвење повеќе детали прочитајте тука: https://www.facebook.com/coolinari.mk/

Прочитај поврзани Gotvi.mk вести и рецепти:

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Дресинг за Шеф салата

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Веге нудли

Нудли со зеленчук

Полнет пилешки стек

ВИДЕО: Рецепт за пилешко со 40 чешниња лук