Пржена банана

Пржена банана

Пржената или фламбирана банана е уште еден специјалитет од азиската кујна кој имавме прилика да научиме како се приготвува од Шеф Фичо (Филип Поповски) за време на часовите по готвење во рамките на проектот Кулинари.

Состојки:

  • 10 банани
  • 1 литар масло за готвење

Состојки за темпура (смеса за похување)

  • 65 грама густин
  • 250 грама брашно
  • 1 јајце
  • 1 прашок за печиво
  • 400 мл вода
  • корнфлекс

За подготовка на ова јадење потребни се и стапчиња за ражнич (1 стапче за 1 банана) и длабок сад за пржење во кој може да ги собере целиот зејтин и цела банана.

Начин на подготовка:

  1. На почетокот земаме длабок сад каде го ставаме брашното, прашокот за пециво, густинот и водата, промешуваме додека не се соедини смесата (да нема грутки од брашното). Можете да користите и миксер. При крај на матењето се додава и јајцето и се промешува. Смесата треба да има густина како смеса за американски палачинки. Оваа смеса се нарекува темпура или смеса за похување, и е карактеристична за јапонската кујна.
  2. Следен чекор е лупење на бананите.
  3. Во подлабока чинија се крши корнфлексот на помали парчиња.
  4. На едно стапче за ражнич набодуваме една банана и ја потопуваме во смесата за похување. Потоа, бананата убаво ја поминуваме од сите страни во чинијата со корнфлекс.
  5. Во длабок сад ставаме  1 литар масло за готвење добро да се загрее. 175 степени е најдобрата температура за похување. Доколку немате  кујнски термометар ќе чекате додека да почнат да се појавуваат струења во тенџерето. Откако ќе почнете со пржење, намалете ја ринглата на средна температура и температурата ќе се одржува околу 170 степени.
  6. Откако ќе добие златна боја, бананата се вади од садот и става на хартиена салфетка да се исцеди.
  7. На крај, пржената банана се послужува во чинија со додаток чоколаден прелив и шеќер во прав, по желба. Можете да украсите и со ливчиња нане.

Добар апетит 🙂

Рецептот го запиша ученичката во средното училиште за угостителство и туризам „Лазар Танев“, Анита Кметовиќ, каде месецов се реализираат часовите за готвење.

Повеќе информации за часовите за готвење во рамките на проектот кој го спроведува Здружението за социјални иновации „АРНО“ прочитајте тука: https://gotvi.mk/2016/04/28/naucete-da-gotvite-so-profesionalni-gotvaci/. За начинот на пријавување на часовите по готвење повеќе детали прочитајте тука: https://www.facebook.com/coolinari.mk/

Прочитај поврзани Gotvi.mk вести и рецепти:

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Дресинг за Шеф салата

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Веге нудли

Нудли со зеленчук

Полнет пилешки стек

ВИДЕО: Рецепт за пилешко со 40 чешниња лук