Ручек за 15 минути: Тестенини со домат

Ручек за 15 минути: Тестенини со домат

Брз ручек – тестенини готови за 15 минути.

Состојки:

  • 400 гр тестенини
  • 3 чешниња лук
  • 1 домат
  • 5 сушени домати во масло
  • пармезан
  • маслиново масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Во тава загрејте маслиново масло. Во поголемо тенџере загрејте вода до вриење. Не посолувајте веднаш, бидејќи ќе треба уште време да зоврие. Ставете ги тестенините и тогаш посолете ја водата.
  2. На маслиново масло пропржете сечкан кромид, домат исечкан на коцки и ситно сечкани сушени домати. Посолете и побиберете по вкус, и долијте малку вода фино да крчка додека тестенините не бидат готови. 
  3. Исцедете ги тестенините и измешајте со сосот. Сервирајте посипено со изрендан пармезан и по желба украсете со рукола.

Добар апеит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text