Направете кифлички со моцарела.
Состојки:
- 100 гр. шунка
- 1 лажица маслиново масло
- 2 јајца
- 100 гр. маргарин
- 1 морков
- 180 гр. брашно
- 70 гр. моцарела
- ½ пакување прашок за пециво
- 1 лажиче сол
- ½ лажички бибер
Подготовка:
- Се загрева рерна на 180 степени и се става хартија на плех за печење.
- Се сече ситно шунката, се сече и лупениот морков.
- Се става на тава маслиново масло и се динстаат шунката со моркови да омекнат. Се тргаат и ладат.
- Се става во сад брашно со прашок за пециво и ладен маргарин на коцки. Се мати и се додаваат јајца, па смесата од шунка и се меша со дрвена лажица потоа.
- Се додаваат сол и бибер, не грижете се смесата е леплива.
- Се зема со лажица од смесата и со рацете се прават топчиња.
- Се ставаат во плех и малку се притискаат.
- Се сече ситно моцарелата и се ставаат 3-5 мали коцки моцарела на секое топче.
- Се печат на 180 степени 15 минути.
Уживајте!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки