Султанова сарма: Колач кој се памети

Султанова сарма: Колач кој се памети

Сочен и мек колач, слатки залаци кои ќе ги обожавате!

Состојки:

  • 150 гр шеќер
  • 100 гр густин
  • 70 гр брашно
  • 30 гр какао во прав
  • 1 л млеко
  • 50 гр маргарин
  • 250 гр кокосово брашно
  • 250 мл слатка павлака

Начин на подготовка:

  1. Во сад за мешање ставете шеќер, густин, брашно, какао и измешајте. Додајте околу 250 мл млеко и сѐ измешајте. 
  2. Во тенџере загрејте 750 мл млеко, па во него измешајте ја смесата додека не згусне како пудинг. Изладете па измешајте и маргарин. 
  3. Во голем плех ставете кокос, околу 250 гр и преку внимателно распоредете ја масата. Оставете во фрижидер да стегне околуполовина час. Во меѓувреме разматете 250 мл слатка павлака. извадете го колачот од фрижидер и преку него намачкајте го подготвениот шлаг. Сечете го колачот на ленти со ширина од 4 см, а должина половина плех. Внимателно свиткајте и дополнително извалкајте во кокос.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на во прилог:

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

singlepost_text