ВИДЕО: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

ВИДЕО: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Шакшука е многу едноставен и вкусен специјалитет. Овој рецепт за неодолив појадок или лесен ручек се смета дека води потекло од Тунис, а е многу популарен и во Израел.

Состојки:

  • 2 кромида
  • 1/2 главица лук
  • 6-7 домати
  • масло за готвење
  • доматен сос
  • сол
  • црвен пипер
  • црн бибер
  • 8 јајца

Начин на готвење:

  1. Кромидот и лукот исецкајте ги ситно и ставете ги да се пржат во поголем сад со малку масло за јадење.
  2. Доматите исчкајте ги на коцки и ставете ги во посебен сад. Додадете малку доматен сос и зачини.
  3. Откако кромидот и лукот ќе поруменат додадете ги во садот за пржење и подготвените домати.
  4. Поклопете го садот и пржете околу 5 до 10 минути на средна температура, додека водата да не испари.
  5. Со лажичка направете малку простор за секое јајце. Додадете ги јајцата да се пржат.

Епа, домаќин(к)и и добро друштво, веќе нема оправдување дека немате време за готвење 🙂

На здравје!

Повеќе детали погледнете во видеото:

Погледни повеќе видеа со кулинарски рецепти, совети и трикови тука

Поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Витамински појадок

Пржени лепчиња

ВИДЕО: Топ 5 рецепти со јајца во Дубаи

ВИДЕО: Како да зготвите печени јајца на Шкотски начин

ВИДЕО: Нема повеќе печење или пржење јајца, туку…

ВИДЕО: Готварски трик – како одеднаш да излупите 3 варени јајца

Печен спанаќ со јајца

Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула