Погледнете го овој видео рецепт кој е неверојатно добар за појадок, но и за вашите домашни забави, а предноста е што секоја тура можете да ја послужувате топла 🙂
Состојки:
- мали кифли
- шунка
- кашкавал
- намаз
Начин на подготовка:
- Исечете ги кифличките на пола. Долните делови наредете ги една до друга во тава за печење. Врз нив ставете кашкавал, потоа шунка и намаз по вкус. Најодозгора ставете ги и горните делови од кифличките.
- Прелијте ги или намачкајте ги со путер, потоа посипете со пармезан или рендан кашкавал и оригано.
- Печете околу 8 минути во загреана рерна на 200 степени додека убаво не заруменат.
Повеќе детали во видеото:
Имајте убав почеток на денот и добра забава 🙂
Погледни повеќе видеа со кулинарски рецепти, совети и трикови
Прочитај повеќе рецепти каде користиме Пекабеско производи
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта