„Роденден – мала забава“ 🙂 Заедничко гледање на спортски напревар, филм, викенд дружба… отидете до најблискиот супер маркет или маалска продавница и купете чипс, смоки, грисини, брускети, бејк ролс, квики… по ваш вкус.
Gotvi.mk Ви открива 2 брзи и неодоливо вкусни рецепти за со овие грицки 🙂
Доматен сос
Состојки:
- 1/2 лажичка шеќер
- 1/2 лажичка сол
- 200 гр доматен сос или 2 поголеми домати
- 1 лажица маслиново масло
- 1 лажица соја сос
- 1 кромид ситно сецкан
- 1 чешне лук ситно сецкано
- 10 листа свеж босилек
- оригано
Начин на готвење:
- Во тава загрејте го маслото и додадете ги кромидот и чешнето лук.
- Пржете 5-8 минути додека не добие златна боја.
- Додадете го доматниот сос (или изренданите домати), шеќерот, соја сосот и ситно исецканиот свеж босилек.
- Зовријте го сосот и гответе околу 5 минути.
- Пред самиот крај зачинете со оригано по вкус.
Сос со павлака и мајонез
Состојки:
- 200 мл кисела павлка
- 100 гр мајонез
- 50 гр фета сирење
- оригано
Сите состојки убаво се мешаат и смесата се остава во фрижидер еден час за состојките убаво да се соединат.
Готви со љубов и уживај во храната!
Прочитај поврзани рецепти:
Видеа од кулинарски рецепти, трикови и совети тука
Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости
ФОТО: Традиционална македонска даска
Омилената даска за мацкање на Влатко