Совршена торта без брашно: Лесна, полна со фил и ореви

Совршена торта без брашно: Лесна, полна со фил и ореви

Прекрасна торта без брашно.

Состојки за кора:

  • 10 белки
  • 240 гр шеќер во прав
  • 2 лажици густин
  • 400 гр мелени ореви

Состојки за фил:

  • 10 жолчки
  • 140 гр шеќер во прав
  • 200 гр маргарин
  • 1 лажица какао во прав

Начин на подготовка:

  1. Белките и јајцата добро измиксајте ги. Потоа додајте густин па лесно измешајте. Додајте и ореви па соединете. Смесата префрлете ја во плех и распоредете. Печете 40-45 минути на 180 стпеени. Кога ќе се испече пресечете на три еднакви делови.
  2. Жолчките и шеќерот измиксајте ги па згответе ги на пареа. Потоа измиксајте маргарин и соединете со жолчките. Додајте и какао. Тортата филувајте ја,па декорирајте по желба и вкус.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text