Полнетите бабури може да бидат и посни доколку ги направите по следниов рецепт:
Состојки:
- 4 бабури
- 2 туни
- 400 грама пченка
- 2 млади кромитчиња
- 1 марула
- 1 лимон
- сол и црн пипер
Начин на готвење:
- Бабурите ги миеме, чистиме и подготвуваме за полнење.
- Во сад ги ставаме туната, пченката која претходно сме ја свариле, младиот кромид исечен на тркалца, ситно исецканата марула, сокот од еден лимон и зачините. Ние употребивме Тимко туна во парчиња и Пекабеско замрзната пченка.
- Убаво промешуваме да се изедначи смесата со сите состојки и потоа ги полниме бабурите.
Повеќе посни и превкусни рецепти тука
Повеќе неодоливи рецепти во кои употребивме Пекабеско производи тука
Сервирајте по ваш вкус 🙂