Компир паприкаш со пилешко

Компир паприкаш со пилешко

Вкусен рецепт за компир паприкаш…

Состојки:

  • 3-4 главици кромид
  • 1 пиперка бабура
  • 2 поголеми домати
  • 2-2,5 кг пилешко месо
  • 2-2,5 кг компири
  • 1 морков
  • листови магдонос
  • 3 лажици ајвар
  • 1 лажица ситна црвена пиперка
  • сув зачин
  • сол
  • 100 мл масло
  • вода

Начин на подготовка:

  1. Прво издинстајте кромид на масло со сув зачин, додајте исечкана пиперка, морков, излупени домати. Пропржете со ајвар и додајте малку вода. Ставете го пилешкото, кратко крчкајте па налијте со вода да прекрие. Кратко гответе, за тоа време исечкајте ги компирите и нив ставете ги. пред крај додајте листови магдонос и сол. Јадењето се готви околу еден час.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед