Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

Ви се најавија гости и се мислите што да спремите набрзина, а да биде вкусно? Тогаш овој рецепт е идеален за вас. Овој чоко мус е гаранција за добар вкус и убаво поминато време.

Состојки:

  • 300 гр темно чоколадо
  • 3 јајца
  • 55 гр шеќер во прав
  • 1 супена лажица какао
  • 300 мл слатка павлака

Начин на подготовка:

  1. Чоколадото растопете го на тивок оган или пареа, а на страна изматете ги јајцата, шеќерот и какаото. Додајте го растопеното чоколадото и матите додека смесата да стане компактна.
  2. Направете ја глазурата. Изматете ја и павлаката, па полека додавајте ја во садот со чоколадо. Послужете во чаша и декорирајте по желба.
  3. Десертот мора да отстои во фрижидер пред да се послужи.

Поминете си убаво и на здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text