Брзи крофни со чоколадо – Десерт за малку пари

Брзи крофни со чоколадо – Десерт за малку пари

Направете брзи крофни со чоколадо горе.

Состојки:

  • 1 шолја кисело млеко
  • 1 јајце
  • 3 лажици шеќер
  • ½ лажички сода
  • 2 лажици масло
  • 2 кеси ванилин шеќер
  • 250 гр. брашно
  • масло за пржење
  • 100 гр. чоколадо

Подготовка:

  1. Се мати јајцето со киселото млеко, се става во сад со брашното, содата и шеќер, ванилин шеќер и масло.
  2. Се меси тесто и се развлекува со оклагија.
  3. Со чаша се вадат крофни.
  4. Се пржат на загреано масло додека не поруменат од двете страни.
  5. Се ставаат на салфета да впие маснотија.
  6. Се растопува чоколадото на масло и се прскаат одозгора крофните.

Уживајте!

 

 

singlepost_text