Појадок или мезе: Овој ден почнете го со брз рецепт

Појадок или мезе: Овој ден почнете го со брз рецепт

Направете вкусно мезе или појадок за сите сетила. Хот дог пирошки, кои се вкусни и вреди да се пробаат.

Еве како да ги направите:

Состојки:

  • 300 гр варен компир
  • 200 гр брашно
  • 1 јајце
  • 50 гр маргарин
  • сол
  • 8 Пекабеско виршли
  • 50 гр презла
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Компирите се варат во солена вода, се цедат и пасираат, па се додава маргаринот додека се топли.
  2. Се меша да се стопи маргаринот, па се оставаат да се изладат.
  3. Се додава потоа и јајцето и сол, па постепено и брашното.
  4. Се меша да се соедини.
  5. Се преполовуваат виршлите. Новите виршли на Пекабеско нема потреба да се лупат, бидејќи не содржат обвивка/фолија.
  6. Тестото се развлекува, се дели на 15 делови, како правоаголници. На секој се става виршла, па се спојуваат краевите и се прави пирошка.
  7. Се премачкува со масло, убаво се поминува во тањир со презла, па се пржи во масло.
  8. Нека се исцедат на хартија.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Кралски појадок со кој ќе слабеете

Појадок или вечера за медал