Брз доручек: Топли пирошки полнети со сирење (Видео)

Брз доручек: Топли пирошки полнети со сирење (Видео)

Неверојатно вкусни, пирошки кои ќе ги обожавате!

Состојки:

  • 15 гр квасец
  • 1 лажица шеќер
  • малку сол
  • 200 мл млеко
  • масло
  • 1 јајце
  • 300-400 гр брашно
  • 200 гр сирење

Начин на подготовка:

  1. Квасецот растопете го во топло млеко, додајте шеќер, жолчка, брашно и сол, па замесете глатко тесто, оставете го малку да нарасне, а потоа развлечете го тенко околу 1/2 см и исечете го на правоаголници. Сирењето издробете го, додајте белка, па изедначете.
  2. Во секој правоаголник тесто ставете лажица сирење, преклопете, притиснете од сите страни. Пржете во длабоко масло па вадете на хартиени салфети. Идеално за доручек, ужина или вечера.

 

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text