Сочен колач: Одлична комбинација од рум, чоколадо и кокос

Сочен колач: Одлична комбинација од рум, чоколадо и кокос

Се прави многу едноставно, а материјалот се мери со лажици.

Состојки за кора:

  • 3 јајца
  • 10 лажици кристал шеќер
  • 9 лажици масло
  • 9 лажици млеко
  • 1 ванилин шеќер
  • 1/2 прашок за печиво
  • 9 лажици брашно
  • 2 лажици какао

Состојки за прелив:

  • 100 мл млеко
  • 3 лажици рум
  • малку џем од кајсии за премачкување на кората

Состојки за фил:

  • 400 мл слатка павлака
  • 150 гр кокосово брашно
  • 50 гр сечкано црно чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

  1. Измиксајте ги состојките за кора, ставете во калап и печете на 200 степени 20-25 минути. Врелиот бисквит прелијте го со прелив, потоа премачкајте со џем.

     

  2. Преку ставете фил и рамномерно распоредете. По желба посипете со рендано чоколадо.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text