ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Компирот е навистина чудесна намирница. Корисен е за секој оброк и со него се прават многу специјалитети. Овие палачинки се токму таков пример:

Состојки:

  • 2 јајца
  • 2 лажици брашно
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/4 лажичка пипер
  • 6 излупени и изрендани компири
  • 1/2 шолја убаво исечкан кромид
  • 1/4 шолја масло за готвење

Начин на готвење:

  1. Изрендание компири и убаво ичечканиот или изрендан кромид ставете ги во сад со многу ладна вода. Измешајте ги и оставете ги да отстојат околу 20 до 30 минути.
  2. Во друг сад ставете ги јајцата, посолете ги, ставете малку пипер и црвен пипер. Измешајте убаво додека не се соедини смесата.
  3. Откако ќе помине времето на отстојување, извадете ја смесата од компири и кромид од вода и убаво исцедете ја. Многу е важно убаво да исцедите од вода, во спротивно рецептот нема да ви биде успешен.
  4. Во садот додадете ја смесата од изматени јајца и убаво промешајте додека состојките не станат компактни. Оставете да отстои покриено со проѕирна фолија.
  5. Пржете во сад со загреано масло за готвење додека палачинките не поруменат од двете страни.

Повеќе детали погледнете во видеото:

Повеќе видеа со кулинарски рецепти, совети и трикови погледнете тука

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Топ 10 неверојатно вкусни Gotvi.mk рецепти со компири

Полнет компир по наједноставен рецепт

ВИДЕО: 10 креативни рецепти за кои ви се потребни само компири

ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири

Печен млад компир со лукче

ВИДЕО: Како да излупиме лук, јајце, банана и компир за 5 секунди?

Гнездо од компири со селско месо

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна