За некого омилено јадење уште од градинка 🙂 Еве Gotvi.mk рецепт за да приготвите ќофтиња во доматен сос:
Состојки за ќофтињата:
- 500 гр говедско или мешано мелено месо
- 1 главица кромид
- 1 парче леб
- 1 јајце
- магдонос
- зачини по вкус
- масло за готвење
Начин на готвење:
- Во подлабок сад го ставаме меленото месо во кое додаваме едно парче леб претходно натопено со вода и убаво исцедено, јајцето, кромидот исечкан на ситни коцки или пак изрендан, ситно сечканиот магдонос, зачините и малку масло за јадење.
- Смесата убаво се меси со рака и потоа од неа се формираат мали топчиња. Топчињата ги редиме на чинија, ги покриваме со фолија и оставаме во фрижидер половина час убаво да се стегнат и да се соединат сите состојки.
- Добиените ќофтиња ги пржиме на загреано масло и потоа ги вадиме на чинија.
Состојки за сосот:
- 2 лажици брашно
- 500 мл доматно пире
- масло за јадење
- половина китка магдонос
- вода по потреба
- зачини по вкус
Начин на готвење:
- Додека се пржат ќофтињата, во тава на оган го додаваме маслото да се загрее. На загреаното масло кратко го пропржуваме брашното.
- Потоа го додаваме доматното пире, водата и магдоносот.
- Вариме 20 минути повремено мешајќи. Кога сосот ќе почне да се згуснува во него ги додаваме ќофтињата.
- Динстаме уште 15 минути и потоа го тргаме јадењето од оган.
- Ќофтињата во сос од домати ги послужуваме со пире од компири.
Пријатен ручек!
Прочитајте поврзани рецепти:
Тоа е тој вкус – Мусака во земјена тава