Макарони со јогурт и спанаќ

Макарони со јогурт и спанаќ

Вкусен и брз ручек кој ќе го обожавате!

Состојки:

  • 500 гр макарони
  • 500 гр спанаќ
  • 1 л јогурт
  • 300 мл млеко
  • 3-4 јајца
  • 150 мл масло
  • 1,5 лажичка сол
  • малку зачин

Начин на подготовка:

  1. Намастете тепсија или огноотпорен сад. Ставете макарони. 
  2. Разматете со жица јајца, додајте масло, млеко, сол, јогурт и исечкан спанаќ. Сѐ измешајте и ставете преку макароните,млаку измешајте во тепсијата. Покријте со фолија и печете во веќе загреана рерна на 220 степени 30 минути, тргнете ја фолијата и печете уште 10 минути да фати малку кора од горе. Послужете со чаша јогурт или салата.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете го во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text