Откако ќе го прочитате овој рецепт веднаш ќе го направите овој прилог на главно јадење од француската кујна по неодоливо вкусен рецепт на Шеф Marc De Jongh, а кој беше подготвен за време на часовите по готвење во рамките на проектот Кулинари.
Состојки:
- 2 компира
- 1/4 кромид (средна големина)
- 1 јајце
- 50 мл масло за јадење
- сол и бибер по вкус
За подготовка на ова јадење потребно ви е и лупалка за зеленчук и ренде.
Начин на готвење:
- Компирите и кромидот се лупат, а потоа се рендаат на покрупната страна од рендето.
- Во длабок сад се мати јајце со сол и бибер по вкус.
- Компирот и кромидот ги пропржувате и ги ставате во садот со изматените јајца. Додавате зачини по вкус.
- Во тавата во која претходно се пржеа компирот и кромидот ја додавате смесата од рендан компир и кромид со јајца и се пржи како дебела палачинка.
Добар апетит!
Повеќе информации за часовите за готвење во рамките на проектот кој го спроведува Здружението за социјални иновации „АРНО“ прочитајте тука: https://gotvi.mk/2016/04/28/naucete-da-gotvite-so-profesionalni-gotvaci/. За начинот на пријавување на часовите по готвење кои се одржуваат во средното училиште за угостителство и туризам „Лазар Танев“ повеќе детали прочитајте тука: https://www.facebook.com/coolinari.mk/
Прочитај поврзани Gotvi.mk вести:
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула