Многу ситни колачиња без печење: Бомбици со кокос и банани

Многу ситни колачиња без печење: Бомбици со кокос и банани

Ако сакате ситни и вкусни колачиња без мака и печење, ова е рецептот за вас.

Состојки:

  • 2 банани
  • 50 гр. шеќер во прав
  • 100 гр. кокос
  • 250 гр. мелени бисквити
  • кокос за валкање

Подготовка:

  1. Се лупат бананите и се матат со шеќерот во прав за да се добие смеса без грутки, а се препорачуваат што е можно позрели банани во рецептот.
  2. Се додава кокос и се меша со лажица, па се става малку повеќе од половина од количината на бисквитите и се меси со раце, додавајќи ја постепено останатата количина бисквити додека месите.
  3. Се прават топчиња, се валкаат во кокос.

singlepost_text