За многумина ова можеби ќе звучи како нова торта, но рецептот за Катица торта е многу стар и традиционален. Погледнете како оваа торта ја прави Гордана.
Состојки за тесто:
- 9 јајца
- 9 лажици шеќер
- 9 лажици мелени ореви
- 1 лажица какао
- 4 лажици брашно
- 1 портокал
Јајцата пенесто се матат со 9 лажици шеќер, па потоа им се додаваат мелените ореви, какаото и брашното.
Се пече во тавчето од рерната на 180 степени 20 минути.
Откако ќе се олади се дели на три дела по должина и секој дел се попрскува со сок од еден портокал.
Состојки за фил:
- 300 гр мелени бисквити
- 250 гр путер
- 250 гр шеќер во прав
- 5 жолчки
- 300 гр суво грозје
- 50 мл рум
- млеко по потреба
- чоколадни мрвици
- неколку јагоди
Directions
- Сувото грозје го оставаме во румот околу 30 минути.
- Мелените бисквити се мешаат со млекото за да се добие густа каша. Во посебен сад го матиме путерот со шеќерот во прав и жолчките.Потоа ги соединуваме сите состојки и убаво мешаме.
- Филот го делиме на 3 еднакви дела.
- Откако корите ќе се изладат ја филуваме секоја кора со филот.
- На крај наросуваме изрендано чоколадо и декорираме со јагоди.
На здравје!
Поврзани Gotvi.mk рецепти:
Неговото височество: Топло – ладен колач
Вкусни колачи кои се прават без брашно
Милиброд по едноставен, а многу вкусен рецепт