Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

Роденден, прослава, било кој повод… ви требаат неколку состојки и десетина минути за да направите неодолива surprise торта. Изадувајте ги другите и бидете позитивни 🙂

Состојки:

  • 2 кесички пудинг од ванила
  • 125 гр маргарин
  • 200 гр шеќер во прав
  • 300 гр мелени бисквити
  • 5 лаж кокос
  • 3 банани
  • 1 шлаг за украсување

Начин на подготовка:

  1. Направете го пудингот во 6 децилитри вода и оставете го да се олади.
  2. Откако ќе се излади, додадете го маргаринот кој претходно сте го изматиле со шеќерот во прав. Промешајте додека да добиете компактна смеса.
  3. Потоа додадете ги кокосот, мелените бисквити и бананите исечкани на кругови. Сè измешајте и обликувајте торта, која ќе ја премачкате со шлаг. По желба одозгора можете да изрендате и чоколадо.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта

singlepost_text